(ФОТО/ ВИДЕО) Оризопроизводителите протестираа со механизација од Облешево до Тркање

Протест со механизација на оризопроизводителите од Облешево до Тркање (кочанско).

Тие на протестот кој се одвиваше од Облешево до селото Тркање се движеа со тешка механизација и побараа некој да ги слушне нивните барања, особено министерот за земјоделие.

Доколку никој не го послуша нивниот глас, тие најавија и радикализација на протестите и поголема масовност и блокади.