ФОТО: Основците од Аеродром наесен со униформи

Основците од Аеродром, од септември ќе носат училишни униформи, а трошоците за нив ќе ги покрие општината.

Според градоначалникот Ивина Коневски, целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во исти униформи, а со тоа основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.

„Со тоа сакаме да се постигне чувство на еднаквост меѓу децата и да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна пак, на родителите ќе им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат“,  истакна Коневски.

Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

500uni3

Министерот за обаразование и наука Спиро Ристовски, го поздрави проектот како позитивен пример за тоа како учениците ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување и аплеираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.