(ФОТО и ВИДЕО) Осум луѓе убиени во пукање во Германија

Осум луѓе се убиени во пукање во градот Ханау, во германската сојузна земја Есен, објави ноќта кон четвртокот електронското издание на весникот Bild, а обвинителството потврдило две жртви и „многу ранети“.

Според весникот, уште пет лица се тешко повредени во масовното пукање во централниот дел на Германија.

Обвинителството засега потврдило две жртви.

„Како што потврдил за нашиот весник вошиот обвинител Доминик Миз, најмалку две лица се убиени, а многу се ранети“, објави весникот Hanauer Anzeiger.

Изданието Hessenschau пренесува дека неидентификувани лица отвориле оган врз два локала каде се пуши наргиле или ткн Shisha-Bars.

Според оваа информација, напаѓачите прво застрелале три лица во таков локал во центарот на градот, а потоа заминале во локал за пушење на наргиле во кварот Кеселштад, каде шти убиле уште пет лица.

Други локални медиуми јавуваат дека во нападот во средата ноќта маж од автомобил во движење пукал со автоматско оружје, и оти истрели се слушале во повеќе делови на градот.

Бројни полициски сили се распоредени на повеќе локации низ градот кој е надлетуван од хеликоптери. Ханау е град со 90.000 жители, 25 километри источно од Франкфурт.