ФОТО| Откриен споменикот на Тоше Проески кај Нова Градишка

Хрватска одлучи да посвети споменик за трагично загинатата македонска и регионална пејачка ѕвезда Тоше Проески кај Нова Градишка во близина на несреќата.

Во саботата беше откриен споменикот на месото на фаталната несреќа во која на 16-ти октомври пред 14 загина македонската икона Тоше.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981-та и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик.

Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.