ФОТО: Ова се земјите кои што треба да ги одбегнувате оваа година

75

Вилијам Чалмерс, писател, филантроп и професионален патник, ја објавил листата на земји кои никако не треба да се посетат оваа година.

Доколку планирате да патувате тогаш овие земји слободно заобиколете ги.

Мавританија

Станува збор за главниот робовладетелски град во светот. Таму се’ уште постојат робови. „Покрај тоа, има многу песок, непријатни номади, мински полиња, исламски милитантни групи“, вели Чалмерс.

Саудиска Арабија

Во оваа земја и онака скоро никој не може да влезе како турист. Како што пишува познатиот патеписец, оваа земја има многу рестриктивна политика кога се во прашање туристите, што е голема штета бидејќи земјата е богата со наследство кое што е интересно да се види.

Русија

Иако станува збор за убава земја, сепак не е забавна за туристите, а за тоа има бројни причини. Дел од нив се параноичната опседнатост со безбедноста, бесмислената бирократија, скапите визи, недостигот на хигиенски средства, лошата храна и услуга…

Туркменистан

Полицијата има целосна контрола на оваа земја, па затоа и не е чудно зошто имаат неверојатни критериуми за добивање виза. Во таа земја не се препорачува да се впуштате во политички расправии, а не се дозволува да се оди по улица со жена.

Венецуела

Иако е прекрасна земја, сепак е тажно што политичката промена не донесе подобри промени за туристите. Несигурност има на секој чекор, убиствата се вообичаена појава, како и киднапирањата и украдените автомобили.

Нигерија

Оваа земја, според Чалмерс, како да испаднала од еден од Круговите на пеколот на Данте. Пренаселена, пренагласена корупција, ненормален сообраќај, насилство… Пописот на негативни работи е навистина долг.

Островот Галапагос

Преголемата посетеност од странски туристи е најголемиот проблем на овој остров. Сето она што порано беше интересно и убаво, сега е уништено од масовниот туризам. „Дефинитивно треба да се ограничи бројот на посетители“, советува патеписецот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.