(ФОТО) Овци го прекинаа снимањето на „Невозможна мисија 8“

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ со поднаслов „Смртно лоцирање, 2. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning – Part Two) беше прекинато од стадо овци кои „го нападнаа“ местото на снимањето…

Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато додека животните не се оддалечат оттаму.

Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години… Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација… Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година.

Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година.