Врз основа на специфични формули, пластичниот хирург Патрик Малучи пресмета дека најидеални гради имаат Кели Брук, Скарлет Јохансон, Кети Пери, Кејт Миделтон, Миранда Кер и Меган Фокс.
Според неговата формула, идеално е ако жените, изразено во проценти над линијата на брадавицата имаат 45, а под 55 отсто од градите. А тука е важен и аголот од 20 степени под кој се насочени брадавиците.
За да биде уште поинтересно, оваа анализа ја потврдија и резултатите од анкетата во која најголем дел од испитаниците 1300 велат дека за жени со совршени гради ги избираат Кели Брук и Скарлет Јохансон.