(ФОТО) Пакистанските влaсти стравуваат од голем број загинати во авионската нескреќа

Авионот на пакистанската воздухопловна компанија PIA со 107 патници и членови на екипажот се урна во петокот во населена област на градот Карачи, а властите стравуваат од голем број загинати во несреќата и на земјата.

Авиокомпанијата PIA во меѓуврмеме го потврди уривањето на авионот од типот „ Airbus A320“ со 99 патници и осум членови на екипажот на летот PK 8303 од североисточниот град Лахоре до јужниот Карачи, но воздухопловните властат дека на летот севкупно имало 99 лица.

Според последните информации во авионот имало 51 маж, 31 жена и девет малолетни деца и седум членови на екипажот.

При уривато, биле тешко оштетени неколку куќи, од под чии остатоци биле извлечени околу 20 локални жители. Агенцијата Associated Press повикувајќи се на изводи во агенцијата за цивилна авијација на Пакистан, пренесува дека најмалку две лица од авионот преживеале, додека агенцијата Reuters која се повикува на информација од локалните власти, хаваријата ја преживеало едно лице.

Телевизиските снимки од местото на несреќата покажуваат црн чад, уништени покриви од куќи и остатоци од авионот на улиците по кои низ масата луѓе се пробиваат возила на итната помош.

Интернет страницата flightradar24.com урнатиот авион го идентификува како 15 години старо летало, кое полетало неколку дена откако Пакистан повторно ги дозволи комерцијалните летови, суспендирани привремено поради пандемијата на коронавирусот.

„Последното што го слушнавме од пилотот е дека има технички проблеми. Пред приближувањето му кажавме дека двете писти се слободни, но тој одлучи да направи круг. Ова е многу трагичен инцидент“, изјави портпаролот на PIA, Абдула Кан.

Функционер на агенцијата за воздушен сообраќај за Reuters рекол дека се чини дека авионот не успеал да ги спушти тркалата пред слетувањето, но дека е прерано да се зборува за вистинската причина за несреќата.

„Авионот прво удри во телекомуникациска кула а потоа падна преку куќите“, изјавил очевидецот Шакеел Ахмед.