(ФОТО) Пандев по победата над Косово: Уште еден чекор од остварување на сонот – Македонија вечна!

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово и обезбеди место во финалето на Лигата на нации, поточно тоа значи дека со победа над Грузија ќе обезбедиме место на Европското првенство кое е на програмата 2021 година.

Овој резултат секако донесе многу среќа, енергија, задоволство кај сите играчи, цела нација, но се чини највозбуден за тоа што сме тука на еден чекор од ЕП е капитенот на селекцијата, Горан Пандев. Да не бевме во ваква позиција можеби тој и ќе и ставеше крај на кариерата, но популарниот Гоче одлучи да продолжи и оваа сезона, па најдобра круна на се што досега направи во кариерата ќе биде пласман на големо натпреварување.

-Уште еден чекор до остварување на нашите соништа. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, -напиша Горан на „Инстаграм“.