(ФОТО) Паника во Сочи: Црната вдовица се закани со напади на олимпијадата

Паника во Русија откако црната вдовица се закани со терористички напади за време на престојните Зимски Олимписки Игри во Сочи.

Полицијата во Сочи започна итна потрага за жена самоубиец, која можеби му избегала на обезбедувањето поставено поради олимпијадата.

Полицијата насекаде поделила постери и слики со опис на 22 годишната жена од Дагестан.

Таа е идентификувана како Ружана Ибрагимова, која го користи прекарот Салима и е вдовица  на терорист убиен лани во Дагестан во пресметка со полицијата.

Полицијата претпоставува дека оваа опасна жена е поврзана со терористичката група на Доку Умаров, кој се закануваше со напади на претстојните ЗОИ.

Ибрагимова има десет сантиметри долга лузна на левиот образ и не може да ја свитка левата рака. Полицијата верува дека таа со шминка го менува својот лик.

Полицијата ја објавила потреницата и на интернет и соопшти дека таа го напуштила Дагестан порано месецов, и дека пристигнала во Сочи пред десетина дена.

Експертите за безбедност се загрижени затоа што таа успеала да стигне до Сочи и покрај „челичниот прстен“ на силите за безбедност за кој претседателот Путин вети  дека ќе ги заштити ЗОИ од терористи.