(ФОТО) Папата Франциск се молеше за болните на Велики петок

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во празната базилика на свети Петар на Велики петок според Јулијанскиот календар легна пред олтарот во обредите Маките Господови со коишто се одбележуваат последните часови од животот на Исус Христот и неговот распетие.

Обредите на Велики петок се едни од ретките прилики кога Папата не држи проповед, туки тоа му го препушта на свештеникот Раниер Канталамеса од Папскиот дом. Канталамеса во речта кажа дека пандемијата на коронавирусот во којашто во Италија починаа речиси 19.000 луѓе, треба да ги поттикне луѓето да го почитуваат она што навистина е важно во животот.

„Да не дозволиме толку патења, толку смрт и јуначкото ангажирање на здравствените работници да биде попусто. Од враќањето на старото би требало најмногу да се плашиме“, рече отец Канталамеса.

На обредите на Велики петок во Ватикан и Рим инаку присуствуват кардинали, бискупи и ограничен број до 10.000 верници од целиот свет. Меѓутоа, поради кризата со коронавирусот во петокот ноќта во базиликата имаше само дваесетина луѓе, вклучително и помошниците на Папата и помал број членови на црковниот хор.

Единствено папата Франциск го бакна крстот на крајот од обредот. Вообичаено крстот го бакнуваат и секој кардинал, надбискуп и бискуп во црквата.

Кантамалеса рече дека пандемијата „нагло нѐ извлече од најголемата опасност на којашто поединци и човештвото отсекогаш биле подложни – заблудата за семоќта“. „Беше потребен и најмалиот и нејбезличниот елемент на природаа, вирус, да нѐ потсети дека сме смртни, и дека воената моќ и технологијата не се доволни за нашиот спас“.

Поглаварот на 1,3 милијарди католици во светот ја предводеше и процесијата на Крстниот пат на празниот Плоштад на свети Петар, без физичко присуство на верниците. Од 1964 година, Крстниот пат со учество на Папата се одвива со присуство на илјадници верници околу римскиот Колосеум кој за оваа прилика е вообичаено раскошно осветлен.