ФОТО: Пенелопе Круз ја покажа својата дива страна

На промоцијата на својот најнов филм „Ма Ма“, Пенелопе Круз ја покажа својата дива страна и егзотичност во секси фустанче со леопард детали.

Убавата Пенелопе Круз по долгогодишната пауза реши да се вклучи во голем број проекти. Покрај тоа што е окупирана со работни обврски кои се однесуваат на екранизацијата на два нови филмови, Пенелопе ужива да посетува и промотивни турнеи на филмови.

Sept. 8, 2015 - Madrid, Madrid, Spain - Penelope Cruz attends 'Ma ma' photocall at the Villamagna Hotel on September 8, 2015 in Madrid, Spain. (Credit Image: © Jack Abuin via ZUMA Wire), Image: 257892265, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license and invoicing to customers located in Finland., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

Последното појавување во јавност и беше во понеделникот, кога шпанската актерка беше вистинска ѕвезда на вечерта на промоцијата на најновиот филм „Ма Ма“, која се одржа во Мадрид.

Sept. 8, 2015 - Madrid, Madrid, Spain - Penelope Cruz attends 'Ma ma' photocall at the Villamagna Hotel on September 8, 2015 in Madrid, Spain. (Credit Image: © Jack Abuin via ZUMA Wire), Image: 257892183, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license and invoicing to customers located in Finland., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

Четириесет и едногодишната актерка за оваа прилика одбра кратко црно фустанче збогатено со мрежа во леопард принт. Фустанчето е со должина малку над колената, со совршено скроен облик и одлично ја истакнува витката линија на Пенелопе, нејзините витки нозе, како и целиот сексапил и егзотичност.

Penelope Cruz attends a photocall for  the movie "Ma Ma" at the Villamagna Hotel on September 8, 2015 in Madrid, Spain., Image: 257898267, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Insight Media

Бринетата цело време позираше насмеана и изгледаше одморено и свежо. За тоа особено е „виновна“ фризурата која го истакна нејзиното нежно лице. Овој природен изглед го збогатија и задимените „смуки очи“и „нуд“ карминот, кој покрај дивата страна и дадоа на актерката нота на нежност.