(ФОТО) Пенелопе Круз на 47 години ги засени сите на црвениот тепих во Венеција!

Холивудската актерка Пенелопе Круз (47) важи за актерка која старее природно. Таа е позната по природната убавина, и никогаш не се подложила на естетски операции. И овој пат актерката не сакаше да изгледа поинаку.

Својата раскошна коса ја ставила во ниска пунџа, на усните ставила виолетов кармин, а облекла прекрасен фустан од „Шанел“, чие заштитно лице е.

Овој двобоен фустан е од колекцијата на „Шанел“ за есента 2021 година. Црн, тесен, со широки прерамки и „искинато“ здолниште од кое извира бел тул, фустанот е како да е создаден за гламурозниот црвен тепих.

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар го отвори најстариот филмски фестивал во светот со филмот „Паралелни мајки“ со неговата муза Пенелопе Круз во улога на една од двете жени кои се породиле во иста болница.