ФОТО: Петмина повредени во сообраќајка кај Драчево, автомобилот удрил во рампа, па се превртел

Во тешка сообраќајна незгода која вчера се случи во Драчево пет лица се здобиле со повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи несреќата се случила во 20.40 часот на локалниот пат од село Долно Лисиче кон Драчево.

lada-500

Автомобилот „лада самара“ кој го управувал 29-годишниот Ф.М. удрил во рампата на железничкиот премин, а потоа се превртел.

Од ударот со телесни повреди се здобиле возачот и тројца сопатници, А.С. (41) и Н.С. (36) и 20- годишниот Д.М.

Со тешки телени повреди се здобил 26-годишниот И.М.

premin-500

 

Сите лица се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“ каде се задржани на понатамошно лекување.

ФОТО: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.