(ФОТО) Почна иницијативата за собирање потписи за поништување на Законот за попис

Денеска во 12 часот со пунктови низ цела Македонија започнува граѓанската иницијатива за собирање на потписи за поништување на Законот за попис.

Ги повикуваме граѓаните да излезат и да се потпишат. Стави го твојот потпис за вистински попис!, повика лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по вчерашната средба со пензионерите во општина Бутел, упати апел до сите граѓани да се придружат на ваквата иницијатива додавајќи дека штандови ќе има насекаде низ државата.

Започнуваме насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните, ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме, вели Мисајловски.

Како во главниот град, така и во другите градови во Македонија граѓаните се потпишуваат на граѓанската иницијатива.

Аеродром:

Берово:

Чаир: