(ФОТО) Полицијата го одблокира автопатот меѓу Шпанија и Франција, се очекуваат нови протесети

Граничниот премин меѓу Шпанија и Франција во покраината Каталонија, кој од минатата ноќ беше блокиран од поборниците на независноста на покраината од двете страни на границата и траеше повеќе од 30 часа, одблокиран е по интервенција на полицијата па во вторникот вечерта возилата непречено минуваат по тамошниот автопата.

Меѓутоа, демонстрантите и во вторникот вечерта најави нов протест, па можни се нови застои на автопатот AP-7, кој ги поврзива Шпанија и Франција. Граѓанската платформа „Демократско цунами“ ја организираше блокадата на автопатот за да предупреди на „неправедните пресуди“ за катлонските функцинери на затворски казни од 9 до 13 години поради организирање на рефернндумот за независноста на Каталонија од 1-ви октомври 2017 година, кој шпанскиот Уставен суд го прогласи незаконски.

Полицијата интервенираше и од двете страни на границата, при што биле приведени 19 лица и бил користен солзавец. Бројни камион со стоки мораа во понеделникот и вторникот да чекаат во колони на преминот на границата.

Најголемиот дел од Каталонија се наоѓа на шпанската страна, но има дел и во Франција, каде што каталонските поборници за независност, исто така, се залагаат за прогласување на заедничка Република Каталонија.

„Демократски цунами“ ги повика демонстрантите на нов собир на автопатот АР-7, но не на самата граница, туку пониско во Шпанија, на излезот од јужниот град Жирона. Автопатот АР-7 се протега од југот на Шпанија поврзувајќи ги пристаништата на Средоземното Море навлегувајќи во Франција во каталонското место Ла Жункера.