ФОТО: Полицијата не дозволи вандализирање на споменикот на цар Душан

Полицијата успеа да го спречи обидот на група граѓани да пoстават црна наметка врз споменикот на цар Душан, на денешниот најавен протест на Мостот пред Археолошкиот музеј.

ФОТО: Полицијата не дозволи вандализирање на споменикот на цар Душан

Тие имаа неуспешен обид со црна наметка да го покријат поставениот споменик во знак на незадоволство, велејќи дека станува збор за срамен чин, но полицијата не дозволи ескалација на ситуацијата.

„Минатите денови се создаде маглива ситуација околу авторстовто на поставувањето на овој споменик, па затоа прездов лична и граѓанска иницијатива за да дојдеме до вистината околу тоа кој го поставил овој бетон тука, наречен цар Душан“, рече денеска Африм Гаши, кој себе се пртставува дека јавно повикал на овој протест.

По неговата изјава, групата протестирачи го напушти мостот и се упати кон Старата скопска чаршија.

Вандализирањето на овој споменик почна доцна синоќа кога поголема група од граѓани го оштетиле споменикот на цар Душан кој што се наоѓа на мостот пред Уставниот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.