Поради невремето со пороен дожд, силен ветар и грмотевици попладнево неколку делови од Скопје останаа без електрична енергија, интернет и телевизија.
Поради обилните врнежи целосно се поплавени некои црни точки од сообраќајниците, а неколку возила се поплавени.
Во меѓувреме на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од локации каде што сообраќајот е во прекин:
- Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал
- Улица Рилски Конгрес, населба Водно
- Булевар Србија, сообраќајот е во прекин – заглавени се неколку возила
- Булевар Кочо Рацин, кај Тинексот во близина на ГТЦ
- Улица Иван Козаров, Кисела Вода
- Подвозникот пред Црниче.