(ФОТО) Поплави, црвен аларм во регионот

Борбата со поплавите во Хрватска продолжува бидејќи врвот на водениот бран помина од Карловац, а опасноста се помести на подрачјето кај Сисак. Во поплавените подрачја на Унско-санскиот кантон на БиХ состојбата денеска е подобра од вчера.Во поплавените населби под вода се приближно 250 станбени објекти.

poplavi 1

Во Словенија каде што вчера во надојдената вода едно лице го загуби животот, водостојот на реките стагнира, но е прогласен црвен аларм во сливот на Крка, чии што притоки растат. Состојбата со Драва и Мура се смирува.

poplavi 2

Градскиот штаб за вонредни ситуации на Приједор прогласи трет степен на опасност од поплави.Поради големите поплави кои ја погодија Хрватска, проблеми има и со железиничкиот сообраќај. Во Словенија вчера едно лице го загуби животот, а за друго се трага. Поради поплавите беа евакуирани 17 лица.

Поради лизгалишта и вода која се излеала на коловозите се уште се затворени голем број на магистрални и локални патишта на источниот дел на Словенија.