ФОТО: Поплавите распукаа зграда во Обреновац

505

 

Обреновац е најкритичното подрачје поради неверојатното количество на дожд кој предизвика поплави. Центарот на Обреновац е поплавен, а една постара личност е исчезната. Водата се уште надоаѓа. Сите расположиви средства се насочени за помош на овој регион каде се стационирани 7 екипи на итна помош.

voda3

Оваа зграда се наоѓа во Обреновац. Граѓаните побарале помош. На социјалните мрежи осамна следниов апел: „ИТНО! Пука станбената зграда во Обреновац, на адреса Вук Караџиќ 93А. Потребна е ИТНА помош“.

voda-3-564x317

 

Полициска хеликоптерска единица денеска е ангажирана во евакуација на населението во и околу Обреновац кои се во голема опасност поради излевањето на Колубара.
Едногодишно бебе утрово е спасено од поплавеното село Пољане во близина на Обреновац.

bebe-500

 

Реката Ликорда и нејзините четири притоки напраија вистински хаос во Крупањ. Под вода се околу 500 куќи а повеќе од 600 лица се евракуирани од своите домови. Од нив 120 се сместени во хотелот “Пегаз“, додека останатите се прифатени од роднини. Во овој регион една особа го загуби животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.