(ФОТО) Поранешната на Марко Јариќ и една од најубавите ангели на „Викторија сикрет“ фатена без шминка

Адријана Лима, поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, секогаш важеше за една од најубавите жени на планетата, а во неколку наврати заврши на врвот на листата најсекси познати дами.

Најпознатата „српска снаа“, како што некогаш ја нарекуваа медиуми, стана една од најбараните модели во светот благодарение на нејзиното убаво лице и совршената фигура, и една од „Ангелите на Викторија“, што е титула која ја посакуваат сите убавици во светот на моделот.

Таа се пензионираше во ноември 2018 година, кога последен пат се прошета по пистата за брендот Викторија Сикрет. Но, и после тоа, таа продолжи да води бројни кампањи за луксузни брендови, но не толку интензивно како порано.

Славната Бразилка неодамна беше фатена од папарацо-фотографи на улиците во Мајами во опуштено домашно издание, без трошка шминка и со опуштена фризура. Со неа беше нејзината помлада ќерка Сиена (7). Инаку, таа и Јариќ имаат уште една ќерка – 11-годишната Валентина.

 

Адријана носеше обични црни хеланки и памучна маица, како и голема кожна торба, а го следеше и најновиот холивудски тренд – паоблече чорапи и влечки.

И покрај фактот дека без шминка не изгледа како гламурозна дама од насловните страни, сепак е многу убава и негувана, а интересно е што нема ни трага од брчки, иако веќе има 39 години!