13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ФОТО) Пораснаа трите лавчиња во Зоо Скопје, вака изгледаат речиси 6 месеци по раѓањето

Зоо Скопје објави на Фејсбук нови фотографии од трите лавици кои се родија пред шест месеци, а сликани од фотографот Горан Анастасовски.

-Белите лавчиња Луна, Ана и Хана направија речиси шест месеци и секојдневно се забавуваат со детските игри како и сите други мали мачиња, пишуваат од Зоо Скопје.

Инаку, од скопската зоолошка градина пред три месеци им дадоа можност на граѓаните да ги одберат имињата на лавчињата. По неколкудневните предлози, одлучено беше лавчињата да се викаат Луна, Ана и Хана, имиња кои биле најчести во предлозите.