ФОТО: Поројни дождови направија големи штети во Германија

Поројни дождови, проследени со бурен ветер, нанесоа големи штети во многу градови во источниот и јужниот дел на Германија, објавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

Обилните врнежи од дожд поплавила цели населби, имало прекини во снабдувањето со електрична енергија, а нарушен бил воздушниот сообраќај, но засега за среќа нема информации за жртви и настрадани лица.

Германската метеоролошка служба предупредила дека поради врнежите, кои не престануваат, ситуацијата во земјата, главно во источниот дел, можно е значително да се влоши.

Најпогоден од поројните дождови бил градот Мајсен, во провинцијата Саксонија. Од обилните врнежи настанало свлечиште, кое тешко оштетило неколку поголеми улици. Надлежните служби во градот се обидуваат да се справат со непогодата и да ги извадат пропаднатите во земја автомобили.

Поради невремето, во прекин е и јавниот транспорт во градот Лајпциг. Во Дрезден и неговата околија, противпожарната служба добила околу 200 повици за помош, во текот на изминатата ноќ и утринава.

germaniia-vreme-majsen1

Експертите предупредила дека постои голема опасност од излевање од коритата на сите реки на територијата на Саксонија. Спасувачките служби во источна Германија подготвувата вреќи со песок, кои треба да бидат поставени долж крајбрежјата на реките.

Околу 50 полетувања и слетувања од аеродромот во Минхен биле одложени поради обилните врнежи од дожд и силниот ветер, утринава.

Поплави имало и низ улиците на градот Фрајзинг, а слична била ситуацијата и во Визбаден, главниот град на провинцијата Хесен.
Околу 30 полетувања биле одложени изминатата ноќ од најголемиот аеродром во Германија, во Франкфурт. Полетувањата биле извршени утринава.