ФОТО: Портпаролот на Спасовски вози пијан и лаже полицајци, а сега добил наредба да лаже и за Спасов

Не престануваат аферите со партиските кадри вработени во министерствата во кои СДСМ има свои министри, кои наместо да се однесуваат согласно нивната функција, со државните институции се однесуваат како да се наоѓаат во штабот на Бихаќка.

Последен во низата скандали е однесувањето на екс-новинарот во ТВ 24Вести Тони Ангеловски, кој по партиска заслуга беше вработен и назначен на местото началник за односи со јавност во минатиот мандат на техничкиот министер Оливер Спасовски, а во новиот унапреден во државен советник на министерот за односи со јавност.

1

Според нашите информации, Ангеловски бил фатен како под дејство на огромно количество алкохол управувал возило сериозно загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Карактеристично за овој случај е што Ангеловски се прикривал од органите на прогонот, правдајќи се во голем број наврати дека е дел од кабинетот на Спасовски.

Според наредбата за приведување на Ангеловски, истата се однесува за прекршок во сообраќајот, односно возење под дејство на алхохол. Покрај тоа што бил фатен пијан и не отишол на судење, Ангеловски се дрзнал и ги лажел полициските службеници дека уште бил во Кабинетот на министерот за да не го приведуваат, иако во времето кога била издадена наредбата Спасовски не бил на функција.

2

Заради ваквото негово однесување Судот издал наредба до полицијата да го лоцира и пронајде, при што му е врачена покана со напомена дека ќе биде стражарно спроведен во случај да продолжи и во иднина да бега од органите на прогонот.

КУРИР се обиде да добие одговори од Ангеловски дали е фатен како управува возило под дејство на алкохол и дали е точно дека бил обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но за жал повратен одговор не добивме.  Не добивме одговор ниту на прашањата дали е точно дека се обидувал да ја избегне правдата, вадејќи се дека бил дел од кабинетот на министерот и дали е точно дека заради таквото негово однесување судот издал наредба до полицијата да го лоцира и пронајде?

3

Молкот на Ангеловски за целата оваа ситуација, имајќи ги во предвид неспорните документи кои ги потврдуваат нашите информации, јасно укажуваат на тоа дека портпаролот на Спасовски возел во алкохолизирана состојба и лажел полициски службеници, притоа загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот.

Ангеловски денеска доби наредба да лаже и за случајот со заменик-министерот Диме Спасов, откако техничкиот министер Оливер Спасовски не собра храброст да се појави пред камерите, бидејќи на очиглед на целокупната јавност вчера безочно лажеше дека имало аудио и видео докази дека никој не го бркал Спасов.

На вчерашната прес-конференција Спасовски ја излажа јавноста и рече дека постојат аудио и видео записи дека Спасов не бил ниту бркан, ниту пак нападнат од кого било. Сепак, ваквата лага беше експресно разоткриена откако во медиумите се појави видео снимка на која јасно се гледа дека Спасов не само што бил бркан низ скопските улици, туку врз него била спроведена сила и закани со огнено оружје.

Откако беше жив фатен во лага, Спасовски денеска се сокри од медиумите и наместо тој, на прес-конференнција се појави неговиот портпарол, чиј настап на дело го прикажа стилот на СДСМ, преку лаги, дезинформации и измислици, без грам морал да се оцрнуваат сите останати без да се погледне огледалото.