(ФОТО) Пожар над скопската населба Пинтија, паника меѓу жителите

Жители на скопската населба Пинтија се обратија до Сител со фотографии дека гоелм пожар попладнево избил над населбата.

Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.

Гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.