ФОТО| Пожарникари извлекуваа мајка и ќерка од возило по тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар

Архивска илустрација

Мајка и ќерка завршија во болница со тешки телесни повреди откако автомобилот со кој се превезувале се превртел на автопатот Тетово – Гостивар.

Неофицијално, се смета дека веројатна причина за несреќата било пребрзо возење.

Повредените морало да бидат извлечени од смачканиот автомобил со интервенција на противпожарната екипа, а потоа биле префрлени на тетовската клиника.