(ФОТО) Познат целосниот идентитет на нападнатите и детали од пукањето во Скопје

Весникот Вечер во своето електронско израние во неделата објави дека сппред сознанието на полицијата ѝ се познати имињата и деталите за ноќешното пукањето во хотелот „Александар Палас“, но оти од непознати причини досега тие не ги откриваат во јавноста.

Пукано било врз Камер Идризи, Јетон Кривањева, Африм Сулмани и Енсар Исени. Напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје и имале фантомки на главите, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите и пукал кон напаѓачите во самоодбрана. Според првичните информации нападнатата група е од Грчец, скопско.

Теелвизијтата Алсат, пак, од свои извори претходно објави дека трагите за напаѓачите водат кон Арачиново. Според нив, во атарот на скопското село Арачиново е пронајдено опожарено возило „фолсваген туарег“  во кое имало две автоматски пушки.

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел „Александар Палас“. Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Вечер повеќепати пишуваше и најавуваше дека е можен судир помеѓу групите од Грчец и Арачиново за превласт на нарко пазарот и дека тоа ќе се случува затоа што полицијата не презема мерки кои биле договорени со американската агенција ДЕА за сузбивање на нарко пазарот во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.