(ФОТО) Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се потпишаа против Законот за попис

Огромна е бројката на граѓани кои досега  се потпишаа на Иницијативата и го кажаа своето „НЕ“ за  штетниот Закон за попис и голем фалсификат кој се подготвува.

Меѓу првите кои се потпишаа и изразија силна поддршка на оваа иницијатива се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во текот на вчерашниот ден, но и денес, заедно со граѓаните стрпливо чекаат во долгите редици за да го дадат својот потпис како поддршка за спречување на овој политички пазар и коалициски договор на Заев.

Како што велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, поддршката е масовна во сите градови и населени места низ цела Република Македонија и таа постојано се зголемува уште повеќе и повеќе, а граѓаните без нималку страв излегуваат и го кажуваат својот став за овој политички дил и пеколен план на Заев.

Од фотографиите кои што пратениците ги споделуваат на социјалните мрежи може да се види масовноста и огромната поддршка од граѓаните во Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Гевгелија, Струмица, Охрид, Струга, Валандово, Куманово, Битола, Илинден, Петровец, но и во скопските населби Ѓорче Петров, Аеродром, Центар, Бутел, Кисела Вода и уште на многу други места.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека огромната поддршка и масовното потпишување од граѓаните за оваа иницијатива, ќе бидат поттик и мотив плус за тие да го поднесат ова законско решение во Собранието.

Колку за информација, откако започна оваа иницијатива за собирање на потписи, на повеќе од 300 штандови низ Македонија, за само неколку часа во текот на вчерашниот ден се потпишаа околу 30 илјади граѓани. Очекувањата се дека оваа бројка и денес рапидно ќе расте и дека граѓаните секојдневно без разлика на верската и политичката припадност, ќе ја даваат својата поддршка се додека власта не отстапи од својата намера и не го слушне гласот на народот кој бара кредибилен попис по европски стандарди.