6.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

ФОТО| Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти „НЕ“ за време на обраќањето на Фон дер Лајен

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои:

– Ултиматум не благодарам

– Да за ЕУ, Не асимилација

– Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

– Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

– Ние сме Македонци не бугари

– Бугарија, засрами се

– Нема иднина без историја

– Македонија не е на продажба

– СДСМ предавници на народот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град.