ФОТО| Пред три години решила да пушта влакна, сега има брада и личи на маж

Дваесет иседумгодишната Бетани Баргојн од англиската грофовија Есекс пред три години престанала со отстранување на влакната и е истрајна во намерата, иако секојдневно се среќава со разни предрасуди, иако на овој драстичен потег се решила поради болест.

Постојано ѝ забележуваат дека личи на машко, но таа петпари не дава на таквите коментари, туку врти на шега и прашува дали сакат да ѝ ја помазат брадата. Прво престанала да се бричи меѓу пазувите и нозете, а потоа решила да пушта брада којашто сега е долга три сантиметра.

Кога дознала дека има полицистични јајници, состојба којашто предизвикува хормонска нерамнотежа а која влијае врз поинтензивното растење на влакната, решила со својот пример да им испрати порака на жените дека таквата состојба е нормална и дека треба да го прифатат својот природен изглед.

„Кога луѓето прашуваат за мојата брада, тоа често го прават со осуда или со закачки дека сум маж или со претпоставки дека минувам низ промена на полот. Им објаснувам дека сум влакнеста жена, на којашто не ѝ пречи тоа што е влакнеста. Тоа обично води до покумуникативни и поотворени разговори за тоа што претпотавуваме дека жените не би требало да имаат брада“, вели Бетани.

Порачува дека сака жените да сфатат дека може да ги трошат своите време и парите „на многу поважни работи во животот, дека нивната самопочит нокогаш не смее да се темели на вклопувањето во наметнатите идеи за женската убавина“.