2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ФОТО) Претставено идејното решение за музејот посветен на Ѓорѓе Балашевиќ

Во Нови Сад вчера беше претставено идејното решение за музејот кој ќе биде посветен на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Идејното решение го претставија неговата сопруга Оливера и градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ.

-И ветив на Симона (внуката) дека на нејзиниот роденден, во име на оние „девет свеќи на тортата“ заедно ќе го откриеме она на што работев претходните месеци. Се уште не го знае значењето на зборот „фондација“, но ќе се обидам да и објаснам дека тоа е установа поради која се трудиш се што ти е доверено да го работиш доследно и одговорно, од ден на ден, напиша Оливера.

Посочува дека Фондацијата е основана во име на внуците.

-Она што ќе се чува под куполата на Алеата на Соништата ќе биде формулата за љубов и добрина како своевидни патокази кои им ги постави нивниот Ѓоле, како што го викаа. Тема на мојата приказна е Музеј, салаш ни на небо, ни на земја. Во римата секогаш се ќе биде по старо, само клинците ќе бидат нови во Љубљана, Скопје, Загреб, Сараево, Бања Лука, Крагујевац, Нови Сад…, објавено е на Фејсбук страната на Оливера.