(ФОТО) Прилепчани на протест против двојазичноста

Бројни  прилепчани вечерта  во четвртокот излегоа на протест против воведувањето на двојазичноста во државата, ден откако во парламентот со прекршување на Деловникот и заобиколување на амандманската расправа со само 64 гласа мнозинството го донесе контроверзниот Закон за јазиците, кој всушност се однесува на проширување на употребата само на лабанскиот јазик и тоа на целата територија.

„Не сакаме двојазичен Прилеп”, „За ова не беа избрани властите”, „Во Прилеп само на македонски”, беа дел од пораките кои ги упатија насобраните граѓани, кои повеќе од еден час протестираа на главната крстосница во центарот на градот и на плоштадот „Александрија”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.