(ФОТО) Пристигна и втората пратка од 3.000 дози на руската вакцина „Спутник V“

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во 14,30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина „Спутник V“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.

Инаку, изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата пратка со вакцини „AstraZeneca“ за државава преку Covax механизмот.