ФОТО| Пронајдени 381 насади канабис, четворица приведени во гевгелиско

Во средата околу 20 часот на место викано Жабјак, во атарот на гевгелискот село Негорци,  полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М. на 30 години од Негорци, С.В.  на 25 од Гевгелија, В.Л. на 21 од Богданци и Х.М. на 23 години од Гевгелија.

При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.