ФОТО| Протест на вработените во Министерството за финансии

Вработените во Минситереството протестираат бидејќи нема покачување на платата од 30 отсто, како што беше предвидено.

-На крај на денот, Министерство за финансии е столбот на една држава. Тие се одговорни да креираат политики, но тие се и чувари на средствата на државата и мора соодветно да мотивираме луѓе да останат во Министерство за финансии. Затоа, искрено, јас имам различно гледање на тоа што е многу и што е малку. Ако ме прашате дали 30 отсто за луѓето во Министерство за финансии или луѓето во мојот кабинет кои оперираа со портфолио кое веројатно ниедна друга институција го нема, ќе речам дека тоа е малку затоа што тие заслужуваат повеќе, рече вицепремиерот Битиќи минатата година.

Буџетот за 2023 година предвидува зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 отсто, во Министерство за образование за 29 отсто, во Министерство за одбрана близу 15 отсто, заедно 5 отсто предвиден раст на платите во целито јавен сектор.