ФОТО: Пуштена во употреба првата автоматизирана катна гаража во Македонија

Правата автоматизирана катна гаража во Македонија денска беше свечено пуштена во уптреба. Станува збор за катната гаража „Солунски конгрес“ со капацитет за 280 паркин места сместени во едно подземно, 9 надземни и едно полу ниво и најсовремени технологии за автоматско паркирање.

На свеченста денеска присуствуваше и премерот на Р.Македонија Никола Груевски кој изрази огромно задоволство што пуштањето на катната гаража се совпаѓа со еден од најголемите празници за македонскиот народ 8 септември „Денот на независноста“ и како што рече, заокружувањето на вековниот сон за своја држава и можност да бидеме свои на своето.

-Ми претставува особено чест и задоволство што денес на денот на независнoста на нашата татковина заедно со вас имам можност свечено да ја пуштиме во употреба оваа прекрасна катна гаража, вистинско ремек дело на градежништвото и технологијата, спој на идеи и на иновации, истакна Груевски.

Тој забележа дека во таа насока е и пуштањета на катната гаража „ Солунски конгрес“.

Со нејзината изградба успеваме за грѓаните на Скопје да обезбедиме поголем слободен паркинг простор, а со тоа и зголемување на мобилноста и безбедноста во градскиот сообраќај. Главниот град расте, се повеќе возила се возат низ Скопје, расте бројот на туристи и потребна е соодветна инфрасруктура. Во изминатиов период беа изградени 8 катни гаражи со вкупен капацитет од 2560 паркинг места. Денес ја пуштаме во употреба деветата катна гаража, истакна Груевски.

Три катни гаражи се сеуште во градба со вкупен паркинг простот од 1172 места. Во наредниот период планирани се уште 7 катни гаражи со простор околу 1600 паркин места.

Објектот на катната гаража „ Солунски конгрес“ е снабден со висока технологија за паркирање, со влезно -излезен терминал, терминал за предвање на возилото, наплатен термнинал, информативен систем, следење на процесот на превземањето на возилото како и идентификација за слободен лифт. Во објктот покрај паркирањето ќе има и содржини за кафе ресторан.

За изградбата на оваа катна гаража се потрошени околу 5,5 милиони евра.

-За да можат граѓаните да го користат овој интелигентен, еколошки паркинг кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје ќе треба да плаќаат 40 денари за првиот час, 30 денари за вториот и само 20 денари за секој нареден час паркинг место во оваа катна гаража, истакна Цветко Грозданов, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Само на овој паркинг на граѓаните ќе им се гарантира 100 % сигурност на возолото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.