ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет

Претседателот на огранокот на СДСМ во Логоварди, Битола е сликан во српска војничка униформа со снајпер во рацете и шајкача на глава.

До редакцијата на Журнал.нет, пристигна фотографијата и информација дека раководството на СДСМ во алкохолизирана состојба пеело четнички песни за „Краља и отаџбину“ облечени во српска војничка униформа со шајкачи и пушки.

Kirac-Logovardi

Анти-македонските ставови и однесување на опозицијата се јавно познати, а со војничката униформа, огненото оружје и шајкачата СДСМ се идентификува со четничкото движење во Србија.

Logovardi-SDSM

Претходно и потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски имал средба со членовите на СДСМ од ова битолско село.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.