(ФОТО) Ранко Бубамара повреден по пад на голомразица

Снежната покривка и ниските температури во целиот граден град и скопските општини им создадоа неволји на граѓаните, кои се гневни на градските и општинските власти кои не можат да се справат со временските прилики и да им обезбедат безбедност во сообраќајот како и со расчистување на мразот за да ги поштедат од можни повреди своите сограѓани. Една од таквите е упатена на сметка на Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, откако во населните Жданец и Трнодол поради мразот дошло до опасни судири и падови на граѓаните кои цел дел апелирале до градоначалникот.

„Другари, ретко кога пишувам лично за некого, но вечерва доживеав ризична повреда поради опасно играње со човечки животи на градоначалник на Општина Карпош Stefan Bogoev , кој по цел ден пишува дека низгорниците во Трнодол и Жданец ги поминува со некаква емулзија, за вечерва да станат опасна ледена лизгалица😡иако цел ден му пишуваа дека се лизга и дека треба да се реагира.
Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот, веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии, тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања, пробавме да дојдеме до нив, но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм😉) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона😷) и некако ме станаа и донесоа дома.

Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.

За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило, другото само ќе си дојде“, објави на својот фејсбук профил Ранко Петровиќ, првиот човек на популарното Радио Бубамара.