ФОТО: Ризично во Британија, Темза пред излевање

Нивото на реката Темза е подигнато на рекордно ниво, а водата продолжува да расте.

Според Би-Би-Си, издадени се 14 предупредување за изливање на реката во Беркшир и Сурејм додавајќи дека 2.500 домови се во опасност од надојдената река.

Водомерите, поставени во 1980-тите и 1990-тите покажуваат дека нивото на Темза постигнала рекордно ниво.

Темза ќе продолжи да расте и во следните неколку дена, според метеоролозите кои најавуваат обилни дождови.

Ризично е и во јужна Англија.

Во местата каде има најголем ризик од излевање на реката од своето корите војската доцна синоќа поставија  висок над половина метро.

Во интензивното невреме што оваа зима го зафати Обединетото Кралство три лица го загубија животот.