
Илјадници девојчиња, помали од десет години се принуди секој ден да го продаваат своето тело за помалку од два долари.
Британскиот фотограф Соувид Дата патувал до Сонагачи, една од најголемите области за проституција во Калкута. Тој ги фотографирал младите проституки кои секоја ноќ се на опасните улици во градот.
Дата, кој има индиско потекло, вели дека нелегалните бизниси во Сонагачи ги водат улични банди и макроа.
Според неговите податоци, околу 12.000 девојки под 18 години се проституираат во овој сиромашен кварт за парче леб.
Ушта како мали, девојчиња и момчињата го напуштаат училиштето, по што едни патот ги води кон проституција, а другите во локалните банди.
Тој потсетува дека во 2004 документарецот посветен на ужасниот живот на илјадници деца, „Родени во бордел“ освои Оскар.Додава дека има волонтери од повеќе невладини организации кои им помагаат на децата да се тргнат од суровиот живот на улица.
Дата, 21-годишен фотограф, верува дека со моќта на пораката која ја испраќа преку неговите дела ќе ја покрене јавната свест дека им потребна помош на децата родени во бордели.