ФОТО: Роналдо објави прва фотографија од бебето и Георгина по семејната трагедија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговото семејство се обидуваат да ја надминат болката по загубата на новородениот син.

Фудбалерот и неговата партнерка, Георгина Родригез чекаа близнаци, но по компликации кои се појавиле по породувањето, нивниот син починал, а девојчето е здраво и живо. Сега Роналдо се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на огромната поддршка која ја добиле.

-Доме сладок доме. Гио и нашето девојче конечно се заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта која ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме на овој свет, напиша Португалецот.

Роналдо кој настапува за Манчестер Јунајтед веќе се врати на професионалните обврски.