(ФОТО) Роналдо преговара со ПСЖ

Медиумите од Франција на дневна основа пишуваат дека Кристијано Роналдо заминува од Јувентус и ќе му се приклучи на ПСЖ.

„France Football“ тврди дека Роналдо сака да го напушти Јувентус, по елиминацијата во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Роналдо, Хорхе Мендеш веќе ги започнал првите преговори со ПСЖ, имал контакти со Леонардо.

Договрот на Роналдо со Јувентус завршува во јуни 2022 година.