(ФOTO) Русија го „честиташе“ почетокот на самитот на НАТО во Мадрид со сателитски снимки од центрите на одлучување со точни координати

Руската државна вселенска агенција Роскосмос, со која управува Дмитриј Рогозин, упати специјална честитка до членовите на НАТО пактот по повод самитот на алијансата во Мадрид кој се одржува од 28-ми до 30-ти јуни.

Имено, Роскосмос објави сателитски фотографии од Мадрид, Пентагон и Белата куќа во Вашингтон, Лондон, Париз, Берлин и Брисел со координати со точните локации и пораката: „Самитот на НАТО започнува денеска во Мадрид, на кој западните земји ќе ја прогласат Русија за свој најголем непријател“.

„Додека претставниците на 30 земји од алијансата, како и партнери и кандидати, ќе се занимаваат со стратешки концепт до 2030 година, Роскосмос објавува сателитски фотографии од местото на одржување на самитот и самите „центри на одлучување“ кои ги поддржуваат украинските националисти“, се наведува во соопштението на Роскосмос, а во продолжение се напишани точните координати.

Неодамна претседателот на Државниот совет на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека во случај Украина да погоди руска територија со ракети од западно производство, тие ќе ги гаѓаат „центрите на одлучување“, па објавата на Роскосмос може да се сфати како застрашувачка закана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.