(ФОТО) Рускиот војник кој уби 8 колеги: Ми се закнуваа дека ќе ме силуваат

Рускиот војник, кој уби осуммина свои колеги на истокот на Русија минатиот месец, денеска изјавил дека реагирал на постојаното малтретирање и закани со силување.

Дваесетгодишниот Рамил Шамсудинов беше уапсен на 25 октомври во воената база и обвинет за убиство.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека имал нервен слом, но подоцна извештаите укажуваат на наводно вознемирување во единицата во изолираниот град Горни.

„Војниците ми рекоа дека тој ден ќе ме силуваат“, изјавил  Шамсудинов.

„Знам дека тоа им го правеле  на  други пред мене. Немаше излез. Ако бев на ред таа вечер, што требаше друго да направам“, додаде тој.

Неговиот татко Салимжан Шамсудинов изјави дека имало постојано вознемирување во базата што го натерало неговиот син на ваков чин.

Според него, младиот војник не жали за своите постапки.

“Жал ми е, немав избор. Или ќе ме убиеја или ќе ги убијам”, му испратил војникот порака на својот татко.

Тој додаде дека му е единствено жал  што случајно ги погодил неговите двајца колеги, но дека не жали ни најмалку за другите.

Според весникот „База“, се започнало кога неговите претпоставени му го одзеле мобилниот телефон четири месеци пред пукањето, а физичкото насилство не стивнувало.

Во меѓувреме, водачот на групата „Руски офицери“ изјави дека нема систематско вознемирување во војската и ги обвини насилните видео игри за чинот на Шамсудин.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шогу исто така рече дека малтретирањето повеќе не е системски проблем во руската војска.

„Нема простор за малтретирање во војската“, изјави Шојгу.

Како и да е, „Гардијан“ пренесува дека локалниот портал 72.ru објавил дека командантите во базата барале пари од војниците, ги принудувале да останат будни со денови и злоупотребувале млади војници на различни начини.