(ФОТО) САД не веруваат дека Русија ги добила „Томахавките“

Портпаролот на американското министерство за одбрана, Ерик Паон, ги нарече во четвртокот дезинформации изјавите на рускиот Генералштаб дека американските крстосувачки прокетили како и авионските наведувани ракети користени во нападот врз Сирија кои не успеале од разни причини да ги достигнат своите цели се пренесени во Москва.

Министерството за одбрана на Русија во средата на брифингот со домашни и странски новинари во Москва претстави поголеми фрагменти од проектилите истрелани од САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, вклучително и американска крстосувачки ракета „Tomahawk“, која не успеала да ја достигне својата цел најверојатно поради некој проблем, а не била погодена од сириската противвоздушна одбрана.

„Што се однесува до ‘Томахавкот’, ние не видовме други докази кои ќе ја поддржат веродостојноста на нивните тврдења, како и изјавите на руските државни медиуми“, изјави Паон за американската телевизиска мрежа CNBC, коментирајќи го брифингот на началникот на рускиот Главен оперативен центар на Генералштабот, генерал-полковникот Сергеј Рудској.

Портпаролот на Пентагон, исто така, ги оцени како „апсурдни“ тврдењата кои се однесуваат на изборот на целите на коалицијата во Сирија, но не ги коментираше израелските разузнавачки податоци кои покажуваат дека наводниот сириски потенцијал не претрпел големи штети.

„Тоа е уште еден пример на руската кампања на дезинформации со цел да го пренасочи вниманието од нивната морална вмешаност во злосторствата на режимот на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад и масакрот на цивили во западниот дел на Сирија“, додаде Паон.

Изјавите од рускиот Генералштаб ги смета „уште една димна завеса на пропагандата“ со цел да се оттргне вниманието од вистинската ситуација во Сирија.

САД, Велика Британија и Франција на 14-ти април изведоа ракетни удари врз Сирија, поради наводниот хемиски напад една седмица порано во последното исламистичко упориште во централна Сирија, градот Дума. Сојузничките команди објавија дека „мисијата била успешна“ и биле уништени наводните хемиски капацитети научно-истражувачките објекти во Барза и Џарамани, како и неколку аеродроми. Според Рудској, од 105 проектили кои ги потврди Пентагон, целите ги достигнале не повеќе од 22 ракети. Тој рече дека повеќето од ракетите биле соборени од сириската противвоздушна одбрана кои ги употребуваат постарите советски и руски системи С-200, С-125, „Оса“, „Квадрат“, „Бук“ и „Стрела“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.