(ФОТО) САД во колапс поради снегот, откажани летови и парализирани патишта

Поради снежното невреме  кое го зафати североистокот на САД, во некои подрачја висината на снежната покривка достигна висина од 45 см. Во невремето загинаа три лица, над илјада летови се откажани, а патниот сообраќај е отежнат за милиони возачи.

sad 1Снежното невреме го погоди густо населениот коридор меѓу Филаделфија и Бостон.Во Њу Џерси снежната покрива достигна 39 см, во Филаделфија изнесува 30 см, додека одредени делови на Њујорк се покриени со 25 см снег.

Автопатиштата околу Њујорк се потполно блокирани, а поради невремето возењето трае трипати подолго од вообичаено.

sad 2Метеоролозите соопштија дека невремето може да биде проследено со студен бран, ако стигне арктичкиот воздух од Канада. Населението во Чикаго, веќе е соочено со температура од минус 28 степени.

Вчера беа откажани три илјади летови, а поради невремето најмногу беа погодени аеродромите од Вашингтон до Бостон.

sad 3Ниту денеска нема да бидат реализирани повеќе од илјада летови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.