Актерката Сара Џесика Паркер откри дека го вдомила мачето кое нејзиниот лик Кери Бредшо во серијата „And Just Like That“ го има како домашно милениче.
Малечкиот Шу, како што му е името во серијата, ѝ го освои срцето на Кери Бредшо кон крајот на втората сезона од серијата, но и самата актерка не останала рамнодушна на слаткото маче.
„Неговото име, надвор од камерите, е Лотус.
Тој и неговите браќа добија ботанички имиња кога беа спасени како новороденчиња од страна на едно засолниште за животни.
Официјално стана дел од семејството Паркер/Бродерик во април 2023.
Тој им се придружи на нашите мачки Реми и Смила, кои ги вдомивме во мај 2022.
Ако ви делува познато, тоа е бидејќи веќе ви е познат“, напиша актерката во описот на фотографиите од новиот миленик.
Засолништето за животни, кое првично го згрижило мачето, објави дополнителни детали за Лотус.
„Некои домашни миленици добиваат навистина интересни сопственици. Малиот Лотус беше на снимањето на ‘And Just Like That’ со Сара Џесика Паркер во Менхетен. Дали го видовте неговото дебитантско појавување? Толку му се допадна вниманието, што одлучи да остане во серијата“, напишаа оттаму.