ФОТО: СДСМ ја поднесе иницијативата, Џафери сега на потег

Пратениците на СДСМ ја поднесоа до Собранието иницијативата за свикување на итна седницата на парламентот.

На документот се потпишани поголем број на пратениците Покрај пратениците од СДСМ потпис имаат ставени и од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ вчера истакнаа дека целта на иницијативата е да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Засега нема информации како на оваа иницијатива ќе одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види па да се изјасни за неа. Неговиот став досега беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.