ФОТО: СДСМ не ги почитува мерките и препораките за спречување на ширењето на корона вирусот

Иако СДСМ цело време повикува на почитување на мерките кои што се донесени од страна на владата, по се изгледа дека се залагаат само декларативно, а во пракса речиси и да не ги почитуваат истите.

Имено, општинскиот изборен штаб на СДСМ од Кичево вчера одржале состанок, а како што може да се забележи на фотографиите објавени на Фејсбук страницата на СДСМ Кичево, социјалната дистанца не се почитува, односно мерките и препораките кои се донесени од владата СДСМ не ги почитува.