
СДСМ/Сорос знаејќи дека протестот на „шарените револуционери“ ќе биде целосно фијаско, мораа да се ангажираат и да донесат партиски активисти од градовите во внатрешноста на Македонија. Па така 600-на хулигани, партиски активисти беа донесени во Скопје и го блокираа градот.
Од информациите на терен, мнозинството платеници воопшто не знаат зошто се донесени и која е целта. Единствено е тоа што ги гледаат нивните лидери на протестот, кои повторно уништуваат и оштетуваат јавни објекти и површини.
Инаку, протестот е предводен од Љуми Беќири и Замир Мехмети, за кои јавноста е запознаена како вандалски се однесуваа кон објектите во главниот град, како и кон полицијата.